СООПШТЕНИЕ

Домашни претпријатија контролирани од странство, 2022 година

Во 2022 година, 2.6 % од домашните претпријатија во деловниот сектор се контролирани од странство

Во 2022 година, 1 727 или 2.6 % од претпријатијата во деловниот сектор1) се странски филијали – домашни претпријатија контролирани од странство.  

Странските филијали ангажираат 20.9 % од вкупно вработените и создаваат 32.9 % од вкупната бруто-додадена вредност.

Најголемо учество во додадената вредност имаат групите Преработувачка  индустрија со 37.2 %, Информации и комуникации со 16.9 % и Трговија на големо и на мало и поправка на возила со
13.3 %.  

Странските филијали се контролирани, главно, од европските земји, т.е. 80.7 %, земјите членки на ЕУ контролираат 57.6 % од странските филијали, во кои се ангажирани 66.7 % од вработените и учествуваат со 65.1 % во додадената вредност. 

Економски најважните странски филијали се под контрола на Австрија со  учество во додадената вредност од 16.6 %, Холандија 12.0 %, Обединетото Кралство со 10.6 % и Германија со 9.6 %. 
______________________________________
1) Сектори на дејности од Б до О според НКД, рев. 2., освен A, Љ, П и Р. 

Главни поенти

2022 година

Претпријатија контролирани од странство: 2.6 %

    • Од вкупно вработените ангажираат: 20.9 %
    • Од додадената вредност создаваат: 32.9 %

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Подготвено од: Снежана Шиповиќ
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: snezana.sipovic@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постарите изданија на соопштенијата можете да ги најдете тука.