Стоковна размена со странство, јануари – декември 2024 година, претходни податоци
Вредноста на надворешнотрговската размена со стоки во периодот јануари – декември 2024 година опаѓа во однос на јануари – декември 2023 година
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија во периодот јануари – декември 2024 година изнесува 478 808.0 милиони денари и бележи пад од 6.6% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока изнесува 680 709.1 милион денари, што е за 0.8 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.
Во увозот најмногу се застапени: нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за превоз на лица.
Во периодот јануари – декември 2024 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија, кои учествуваат со 48.5 % во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 61.4 % во вкупната размена.
Главни поенти
Извоз јануари – декември 2024 година во однос на јануари – декември 2023 година
- 478 808.0 милиони денари: -6.6 %
- 7 781.2 милиони евра: -6.5 %
- 8 425.3 милиони САД долари: -6.4 %
Увоз јануари – декември 2024 година во однос на јануари – декември 2023 година
- 680 709.1 милион денари: -0.8 %
- 11 062.4 милиони евра: -0.8 %
- 11 969.6 милиони САД долари: -0.7 %
Табели
СМТК - Стандардна меѓународна трговска класификација рев.4

Графикон
Извоз и увоз на стоки по месеци, претходни податоци
Контакт
Подготвено од: Катерина ДавковаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: katerina.davkova@stat.gov.mk