Стоковна размена со странство, јануари 2025 година, претходни податоци
Пораст на обемот на надворешнотрговската размена со стоки во јануари 2025 година во однос на јануари 2024 година
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија во јануари 2025 година изнесува 35 635.8 милиони денари и бележи пораст од 5.0 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока изнесува 52 262.1 милион денари, што е за 5.9 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, други катализатори на носачи и деловите на седишта од подгрупата 821.1.
Во увозот најмногу се застапени: нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали, освен сурови, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, електричната енергија и платината и легурите на платина, необработени или во прав.
Во јануари 2025 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Грција, Бугарија и Кина, кои учествуваат со 48.9 % во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 59.5 % во вкупната размена.
Главни поенти
Извоз јануари 2025 година во однос на јануари 2024 година
- 35 635.8 милиони денари: +5.0 %
- 578.9 милиони евра: +5.1 %
- 599.3 милиони САД долари: -0.2 %
Увоз јануари 2025 година во однос на јануари 2024 година
- 52 262.1 милион денари: +5.9 %
- 849.1 милион евра: +6.1 %
- 878.5 милиони САД долари: +0.6 %
Табели
СМТК - Стандардна меѓународна трговска класификација рев.4

Графикон
Извоз и увоз на стоки по месеци, претходни податоци
Контакт
Подготвено од: Катерина ДавковаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: katerina.davkova@stat.gov.mk