СООПШТЕНИЕ : 02.1.2025.2

Стоковна размена со странство, јануари – декември 2023 година, дефинитивни податоци

Во 2023 година забележан е раст на вредноста на извозот во однос на претходната година

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во 2023 година, изнесува 512 500.5 милион денари и бележи пораст од 0.2 % во однос на претходната година. Вредноста на увезената стока во 2023 година изнесува 686 794.9 милиони денари, што е за 8.1 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.
Во увозот најмногу се застапени: нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за превоз на лица.

Во 2023 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија, кои учествуваат со  50.8 % во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 78.7 % во вкупната размена.

Главни поенти

Извоз јануари – декември 2023 година во однос на јануари – декември 2022 година

  • 512 500.5 милиони денари: +0.2%
  • 8 325.0 милиони евра: +0.3 % 
  • 8 999.3 милиони САД долари: +3.1% 

Увоз јануари – декември 2023 година во однос на јануари – декември 2022 година

  • 686 794.9 милиони денари: -8.1%
  • 11 156.6 милиони евра: -8.0 % 
  • 12 062.2 милион САД долари: -5.5 % 

Табели

СМТК - Стандардна меѓународна трговска класификација рев.4


Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

Извоз и увоз на стоки по месеци, дефинитивни податоци

Контакт

Катерина Давкова
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: katerina.davkova@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Стоковна размена со странство