Стоковна размена со странство, јануари – мај 2026 година, претходни податоци
Трендот на пораст на извозот и увозот продолжува и во периодот јануари – мај 2026 година во споредба со периодот јануари – мај 2025 година
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – мај 2026 година, изнесува 217 977.7 милиони денари и бележи пораст од 5.70 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – мај 2026 година, изнесува 306 513.7 милиони денари, што е за 5.91 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.
Во увозот најмногу се застапени: платината и легурите на платина, необработени или во прав, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и други моторни возила за превоз на лица.
Во периодот јануари – мај 2026 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои учествуваат со 50.4 % во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 58.2 % во вкупната размена.
Главни поенти
Извоз јануари – мај 2026 година во однос на јануари – мај 2025 година
- 217 977.7 милиони денари: +5.7 %
- 3 534.1 милион евра: +5.6 %
- 4 132.0 милиони САД долари: +13.9 %
Увоз јануари – мај 2026 година во однос на јануари – мај 2025 година
- 306 513.7 милиони денари: +5.9 %
- 4 969.8 милиони евра: +5.8 %
- 5 812.6 милиони САД долари: +14.4 %
Табели
СМТК - Стандардна меѓународна трговска класификација рев.4
Статистичка база МАКСТАТ
Графикон
Извоз и увоз на стоки по месеци, претходни податоци
Контакт
Катерина ДавковаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: katerina.davkova@stat.gov.mk