Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 02.1.2026.1/1

Стоковна размена со странство, јануари 2026 година, претходни податоци

Пад на обемот на надворешнотрговската размена со стоки во јануари 2026 година во однос на јануари 2025 година

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во  јануари 2026 година, изнесува 32 686.6 милиони денари и бележи пад од 8.27 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во  јануари  2026 година, изнесува 48 954.0 милиони денари, што е за 6.37 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.

Во увозот најмногу се застапени: платината и легурите на платина, необработени или во прав, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и електричната енергија.

Во  јануари 2026 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои учествуваат со 52.0 % во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 57.1 % во вкупната размена.

Главни поенти

Извоз јануари 2026 година во однос на јануари 2025 година

  • 32 686.6 милиони денари: -8.3 %
  • 530.7 милиони евра: -8.3 % 
  • 622.1 милион САД долари: +3.8 % 

Увоз јануари 2026 година во однос на јануари 2025 година

  • 48 954.0 милиони денари: -6.4 %
  • 794.9 милиони евра: -6.4 % 
  • 931.1 милион САД долари: +5.9 % 

Табели

СМТК - Стандардна меѓународна трговска класификација рев.4


Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

Извоз и увоз на стоки по месеци, претходни податоци

Контакт

Катерина Давкова
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: katerina.davkova@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Стоковна размена со странство