СООПШТЕНИЕ : 02.1.2025.1/4

Стоковна размена со странство, јануари – април 2025 година, претходни податоци

Во периодот јануари – април 2025 година, извозот во секторот Пијалаци и тутун бележи пораст во споредба со периодот јануари – април 2024 година

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – април 2025 година, изнесува  160 217.8 милиони денари и бележи пад од 1.5 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – април 2025 година, изнесува  229 440.5 милиони денари, што е за 0.8 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.

Во увозот најмногу се застапени: нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и електричната енергија.

Во периодот јануари – април 2025 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Кина, кои учествуваат со  46.8 % во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 60.6 % во вкупната размена.

Главни поенти

Извоз јануари – април 2025 година во однос на јануари – април 2024 година

  • 160 217.8 милиони денари: -1.5 %
  • 2 601.8 милиони евра: -1.5 % 
  • 2 785.5 милиони САД долари: -2.5 % 

Увоз јануари – април 2025 година во однос на јануари – април 2024 година

  • 229 440.5 милиони денари: -0.8 %
  • 3 726.1 милион евра: -0.8 % 
  • 3 983.8 милиони САД долари: -2.0 % 

Табели

СМТК - Стандардна меѓународна трговска класификација рев.4


Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

Извоз и увоз на стоки по месеци|претходни податоци|

Контакт

Катерина Давкова
Телефон: 023295666
е-пошта: katerina.davkova@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Стоковна размена со странство