Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 02.1.2026.1/4

Стоковна размена со странство, јануари – април 2026 година, претходни податоци

Раст на извозот и на увозот во периодот јануари – април 2026 година во споредба со периодот јануари – април 2025 година

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – април 2026 година, изнесува 171 594.4 милиони денари и бележи пораст од 7.08 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – април 2026 година, изнесува 243 606.5 милиони денари, што е за 6.11 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.

Во увозот најмногу се застапени: платината и легурите на платина, необработени или во прав, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и други моторни возила за превоз на лица.

Во периодот јануари – април 2026 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои учествуваат со 50.4 % во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 58.3 % во вкупната размена.

Главни поенти

Извоз јануари – април 2026 година во однос на јануари – април 2025 година

  • 171 594.4 милиони денари: +7.1 %
  • 2 782.3 милиони евра: +6.9 % 
  • 3 254.2 милиони САД долари: +16.8 % 

Увоз јануари – април 2026 година во однос на јануари – април 2025 година

  • 243 606.5 милиони денари: +6.1 %
  • 3 950.2 милиони евра: +5.9 % 
  • 4 622.2 милиони САД долари: +16.0 % 

Табели

СМТК - Стандардна меѓународна трговска класификација рев.4


Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

Извоз и увоз на стоки по месеци, претходни податоци

Контакт

Катерина Давкова
Телефон: 02/3295-666
е-пошта: katerina.davkova@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Стоковна размена со странство