СООПШТЕНИЕ : 02.1.2025.1/3

Стоковна размена со странство, јануари – март 2025 година, претходни податоци

Во првото тримесечје од 2025 година континуиран раст на вредноста на извозот во тековниот месец во однос на претходниот месец

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – март 2025 година, изнесува 118 762.5 милиони денари и бележи пад од 0.1 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – март 2025 година, изнесува 170 724.8 милиони денари, што е за 1.2 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.

Во увозот најмногу се застапени: нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и електричната енергија.

Во периодот јануари – март 2025 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Кина, кои учествуваат со  47.3 % во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 60.1 % во вкупната размена.

Главни поенти

Извоз јануари – март 2025 година во однос на јануари – март 2024 година

118 762.5 милиони денари: -0.12 %

1 928.6 милиони евра: -0.04 % 

2 031.1 милион САД долари: -3.02 % 

Увоз јануари – март 2025 година во однос на јануари – март 2024 година

170 724.8 милиони денари: +1.20 %

2 772.6 милиони евра: +1.28 % 

2 916.9 милиони САД долари: -1.84 % 

Табели

СМТК - Стандардна меѓународна трговска класификација рев.4


Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

Извоз и увоз на стоки по месеци, претходни податоци

Контакт

Катерина Давкова
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: katerina.davkova@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Стоковна размена со странство