Стоковна размена со странство, јануари – мај 2025 година, претходни податоци
Во периодот јануари – мај 2025 година, извозот бележи пораст во споредба со периодот јануари – мај 2024 година
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – мај 2025 година, изнесува 206 207.4 милиони денари и бележи пораст од 3.2 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – мај 2025 година, изнесува 289 086.8 милиони денари, што е за 1.0 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.
Во увозот најмногу се застапени: нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и електричната енергија.
Во периодот јануари – мај 2025 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Кина, кои учествуваат со 47.0 % во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 60.7 % во вкупната размена.
Главни поенти
Извоз јануари – мај 2025 година во однос на јануари – мај 2024 година
- 206 207.4 милиони денари: +3.2 %
- 3 347.7 милиони евра: +3.2 %
- 3 626.7 милиони САД долари: +3.3 %
Увоз јануари – мај 2025 година во однос на јануари – мај 2024 година
- 289 086.8 милиони денари: +1.0 %
- 4 693.5 милиони евра: +1.0 %
- 5 075.0 милиони САД долари: +1.0 %
Табели
СМТК - Стандардна меѓународна трговска класификација рев.4

Графикон
Извоз и увоз на стоки по месеци, претходни податоци
Контакт
Катерина ДавковаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: katerina.davkova@stat.gov.mk