Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 02.1.2025.1/10

Стоковна размена со странство, јануари – октомври 2025 година, претходни податоци

Трендот на пораст на извозот и увозот продолжува и во периодот јануари – октомври 2025 година во споредба со периодот јануари – октомври 2024 година

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – октомври 2025 година, изнесува 413 102.0 милиони денари и бележи пораст од 2.26 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – октомври 2025 година, изнесува 589 092.3 милиони денари, што е за 4.16 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.

Во увозот најмногу се застапени: нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за пренос на лица.

Во периодот јануари – октомври 2025 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои учествуваат со 47.6 % во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 59.4 % во вкупната размена.

Главни поенти

Извоз јануари – октомври 2025 година во однос на јануари – октомври 2024 година

  • 413 102.0 милиони денари: +2.3 %
  • 6 706.2 милиони евра: +2.2 % 
  • 7 536.0 милиони САД долари: +5.6 % 

Увоз јануари – октомври 2025 година во однос на јануари – октомври 2024 година

  • 589 092.3 милиони денари: +4.2 %
  • 9 563.4 милиони евра: +4.1 % 
  • 10 742.0 милиони САД долари: +7.5 % 

Табели

СМТК - Стандардна меѓународна трговска класификација рев.4


Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

Извоз и увоз на стоки по месеци, претходни податоци

Контакт

Катерина Давкова
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: katerina.davkova@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Стоковна размена со странство