СООПШТЕНИЕ

Стоковна размена со странство, јануари – февруари 2025 година, претходни податоци

Вредноста на увозот во февруари 2025 година во споредба со февруари 2024 година бележи зголемување

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – февруари 2025 година, изнесува 75 650.4 милиони денари и бележи пораст од 1.6 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – февруари 2025 година, изнесува 112 862.3 милиони денари, што е за 4.9 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.

Во увозот најмногу се застапени: нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и електричната енергија.

Во периодот јануари – февруари 2025 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија, кои учествуваат со  48.8 % во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 59.8 % во вкупната размена.

Главни поенти

Извоз јануари – февруари 2025 година во однос на јануари – февруари 2024 година

  • 75 650.4 милиони денари: +1.6 %
  • 1 229.4 милиони евра: +1.8 % 
  • 1 276.7 милиони САД долари: -2.6 % 

Увоз јануари – февруари 2025 година во однос на јануари – февруари 2024 година

  • 112 862.3 милиони денари: +4.9 %
  • 1 834.2 милиони евра: +5.1 % 
  • 1 904.1 милион САД долари: +0.6 % 

Табели

СМТК - Стандардна меѓународна трговска класификација рев.4


Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

Извоз и увоз на стоки по месеци, претходни податоци

Контакт

Подготвено од: Катерина Давкова
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: katerina.davkova@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постарите изданија на соопштенијата можете да ги најдете тука.