Стоковна размена со странство, јануари – февруари 2026 година, претходни податоци
Пораст на извозот и увозот во периодот јануари – февруари 2026 година во споредба со периодот јануари – февруари 2025 година
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – февруари 2026 година, изнесува 77 585.3 милиони денари и бележи пораст од 2.56 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – февруари 2026 година, изнесува 115 860.8 милиони денари, што е за 2.61 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.
Во увозот најмногу се застапени: платината и легурите на платина, необработени или во прав, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и електричната енергија.
Во периодот јануари – февруари 2026 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои учествуваат со 49.9 % во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 57.8 % во вкупната размена.
Главни поенти
Извоз јануари – февруари 2026 година во однос на јануари – февруари 2025 година
- 77 585.3 милиони денари: +2.6 %
- 1 258.6 милиони евра: +2.4 %
- 1 482.8 милион САД долари: +16.1 %
Увоз јануари – февруари 2026 година во однос на јануари – февруари 2025 година
- 115 860.8 милиони денари: +2.6 %
- 1 879.6 милиони евра: +2.4 %
- 2 213.9 милиони САД долари: +16.2 %
Табели
СМТК - Стандардна меѓународна трговска класификација рев.4
Статистичка база МАКСТАТ
Графикон
Извоз и увоз на стоки по месеци, претходни податоци
Контакт
Катерина ДавковаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: katerina.davkova@stat.gov.mk