Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 02.1.2025.1/7

Стоковна размена со странство, јануари – јули 2025 година, претходни податоци

Раст на извозот и на увозот во јули 2025 година во споредба со јули 2024 година

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – јули 2025 година, изнесува 290 164.0 милиони денари и бележи пораст од 3.2 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – јули 2025 година, изнесува 410 470.4 милиони денари, што е за 2.7 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.

Во увозот најмногу се застапени: нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и електричната енергија.

Во периодот јануари – јули 2025 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија, кои учествуваат со    47.3 % во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 60.4 % во вкупната размена.

 

Главни поенти

Извоз јануари – јули 2025 година во однос на јануари – јули 2024 година 

  • 290 164.0 милиони денари: +3.2 %
  • 4 709.7 милиони евра: +3.1 %
  • 5 206.8 милиони САД долари: +5.4 %

Увоз јануари – јули 2025 година во однос на јануари – јули 2024 година 

  • 410 470.4 милиони денари: +2.7 %
  • 6 662.7 милиони евра: +2.6 %
  • 7 359.3 милиони САД долари: +4.8 %

Табели

СМТК - Стандардна меѓународна трговска класификација рев.4


Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

Извоз и увоз на стоки по месеци, претходни податоци

Контакт

Катерина Давкова
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: katerina.davkova@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Стоковна размена со странство