СООПШТЕНИЕ

Стоковна размена според економските карактеристики на претпријатијата, 2022 година

Над 90 % од вкупната стоковна размена на Република Северна Македонија во 2022 година е реализирана од претпријатијата вклучени во двата протока на стоки

Во 2022 година суфицитот во размената на стоки е генериран, главно, од претпријатијата што му припаѓаат на секторот Индустрија, а дефицитот од претпријатијата што му припаѓаат на секторот Трговија. 

Најголемо учество во структурата на извозот во 2022 година имаат претпријатијата што ги извезуваат своите стоки на пазарите на земјите членки на Европската Унија. Големите претпријатија во вкупната вредност на пазарот на Европската Унија учествуваат со 79.6 %. 

Пазарот на земјите членки на Европската Унија и на страната на увозот се издвојува како најатрактивен. Повеќе од половина од реализираната вредност на овој пазар, 50.2 %, е остварена од големите претпријатија.

Главни поенти

Во 2022 година околу половина од вкупната вредност на извозот и на увозот е концентрирана во првите 50 претпријатија

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Подготвено од: Сузана Срчокова
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: suzana.srcokova@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постарите изданија на соопштенијата можете да ги најдете тука.