Стоковна размена според економските карактеристики на претпријатијата, 2023 година
Над 90 % од вкупната стоковна размена на Република Северна Македонија во 2023 година е реализирана од претпријатијата вклучени во двата протока на стоки
Во 2023 година суфицитот во размената на стоки е генериран, главно, од претпријатијата што му припаѓаат на секторот Индустрија, а дефицитот од претпријатијата што му припаѓаат на секторот Трговија.
Најголемо учество во структурата на извозот во 2023 година имаат претпријатијата кои своите стоки ги извезуваат на пазарите на земјите членки на Европската Унија. Претпријатијата кои му припаѓаат на секторот Индустрија имаат најголемо учество и според бројот на претпријатија, 47.1 %, и според реализираната вредност, 94.2 %.
Пазарот на земјите членки на Европската Унија и на страната на увозот се издвојува како пазар со најголем потенцијал и економска важност. 45.3 % од претпријатијата, според бројот на претпријатијата, припаѓаат во секторот Трговија, а според реализираната вредност, претпријатијата од секторот Индустрија учествуваат најмногу – со 49.9 %.
Главни поенти
Во 2023 година околу половина од вкупната вредност на извозот и на увозот е концентрирана во првите 50 претпријатија
Табели
Контакт
Сузана СрчоковаТелефон: 023295666
е-пошта: suzana.srcokova@stat.gov.mk