Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 02.2.2026.1

Стоковна размена според економските карактеристики на претпријатијата, 2024 година

Над 90 % од вкупната стоковна размена на Република Северна Македонија во 2024 година е реализирана од претпријатијата вклучени во двата протока на стоки

Во 2024 година суфицитот во размената на стоки е генериран, главно, од претпријатијата што му припаѓаат на секторот Индустрија, а дефицитот од претпријатијата што му припаѓаат на секторот Трговија.

Најголемо учество во структурата на извозот во 2024 година имаат претпријатијата што своите стоки ги извезуваат на пазарите на земјите членки на Европската Унија.

Претпријатијата кои му припаѓаат на секторот Индустрија имаат најголемо учество и според бројот на претпријатија, 45.4 %, и според реализираната вредност, 93.2 %.

Пазарот на земјите членки на Европската Унија и на  страната на увозот се издвојува како најатрактивен. 45.0 % од претпријатијата, според нивниот број, припаѓаат во секторот Трговија, а според реализираната вредност, претпријатијата од секторот Индустрија учествуваат најмногу – со 50.2 %.

Главни поенти

Во 2024 година околу половина од вкупната вредност на извозот и на увозот е концентрирана во првите  50 претпријатија

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Сузана Срчокова
Телефон: 023295666
е-пошта: suzana.srcokova@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Стоковна размена според економските карактеристики на претпријатијата