СООПШТЕНИЕ : 04.1.2025.1

Активни претпријатија, 2023 година

Во 2023 година, 29.7 % од активните претпријатија се од секторот Трговија на големо и трговија на мало, а 83.3 % имале од 1 до 9 вработени

Во 2023 година активни претпријатија биле 72 181.

Податоците за структурата на активните претпријатија по сектори на дејности покажуваат дека во 2023 година најголемо учество има секторот Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли со 29.7 %.

Податоците за структурата на активните претпријатија според бројот на вработените покажуваат дека најголемо учество од 83.3 % имаат претпријатијата со 1 до 9 вработени. Потоа следат претпријатијата без вработени и претпријатијата со неутврден број вработени (без податок за вработените) со 6.9 %, претпријатијата со 10 до 19 вработени со 4.5 %, потоа претпријатијата со 20 до 49 вработени, чие учество изнесува 3.0 %, со 2.0 % учествуваат претпријатијата со 50 до 249 вработени и само 0.3 % од активните претпријатија имаат над 250 вработени.

Главни поенти

Во  2023 година:

•    83.3 % од активните претпријатија биле со 1 до 9 вработени
•    0.3 % од активните претпријатија имале над 250 вработени
•    Најмногу претпријатија, 29.7 %, има во секторот Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли

Табели

1) Вклучително и претпријатија со неутврден број вработени


Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Подготвено од: Елена Јанковска
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: elena.eftimova@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постарите изданија на соопштенијата можете да ги најдете тука.