СООПШТЕНИЕ

Демографија на претпријатијата, 2022 година

Во 2022 година новосоздадени се 6 384 претпријатија, најголем дел од нив во услужните дејности

Во 2022 година се регистрирани 6 384 новосоздадени претпријатија, што претставува 9.6 % од вкупно активните пазарноориентирани претпријатија во рамките на деловниот сектор1).   

Во однос на 2021 година е забележано зголемување на бројот на новосоздадените претпријатија за 7.1%.

Овие претпријатија ангажираат  13 828 лица, што претставува зголемување за 15.3 % во однос на претходната година. Без вработени лица биле 19.0 % од новосоздадените претпријатија. 

Од вкупниот број активни претпријатија, во 2021 година згаснале 6.7 %, односно 4 437, главно, во секторот Трговија на големо и мало.
______________________________________
1) Сектори на дејности од Б до О според НКД, рев. 2., освен A, Љ, П и Р.

Главни поенти

2022 година: 6 384 новосоздадени претпријатија 
2021 година, претходни податоци: 4 437 згаснати претпријатија 

Табели

1) Претходни податоци


Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Подготвено од: Снежана Шиповиќ
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: snezana.sipovic@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постарите изданија на соопштенијата можете да ги најдете тука.