Демографија на претпријатијата, 2023 година
Во 2023 година новосоздадени се 6 260 претпријатија, најголем дел од нив во услужните дејности
Во 2023 година се регистрирани 6 260 нови претпријатија, што претставува 9.3 % од вкупно активните, пазарноориентирани претпријатија во рамките на деловниот сектор.1)
Во однос на 2022 година е забележано намалување на бројот на новосоздадените претпријатија за 2.1 %.
Овие претпријатија ангажираат 14 878 лица, што претставува зголемување за 7.4 % во однос на претходната година. Без вработени лица биле 18.9 % од новосоздадените претпријатија.
Од вкупниот број активни претпријатија, во 2022 година згаснале 7.1 %, односно 4 715, главно, во секторот Трговија на големо и мало.
______________________________________
1) Сектори на дејности од Б до О според НКД, рев. 2., освен A, Љ, П и Р.
Главни поенти
2023 година: 6 260 новосоздадени претпријатија
2022 година: 4 715 згаснати претпријатија
Табели

Контакт
Снежана ШиповиќТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: snezana.sipovic@stat.gov.mk