Добиточно производство, 2023 година
Во 2023 година во однос на 2022 година е забележано помало производство на кравјо и овчо млеко, додека производство на козјо млеко и јајца бележи зголемување
Производството на кравјо млеко во 2023 година изнесува 238 328 илјади литри, што е за 26.5 % помалку во однос на 2022 година.
Намалување на производството е забележано и кај овчото млеко, и тоа за 20.5 % во 2023 година во однос на претходната година.
Производството на козјо млеко е зголемено за 3.3 % споредено со претходната година.
Во 2023, во однос на 2022 година, забележано е зголемено производство на јајца.
Главни поенти
Произведено млеко во 2023 година, во илјади литри
- Кравјо млеко: 238 328
- Овчо млеко: 30 750
- Козјо млеко: 14 159
Табели

Контакт
Подготвено од: Катарина Ѓурѓулова АговскаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: katarina.agovska@stat.gov.mk