Број на добиток и живина, 2023 година
Во 2023 година во однос на 2022 година намален е бројот на говедата за 9.7 %, а за 5.9 % е зголемен бројот на свињите
Вкупниот број говеда во 2023 година, во споредба со 2022 година, е намален за 9.7 %. Намалување на бројот на говедата е забележано кај индивидуалните земјоделски стопанства, a кај деловните субјекти е забележано зголемување.
Бројот на свињите во 2023 година, во споредба со 2022 година, е зголемен за 5.9 %. Зголемување на бројот е забележано во двата сектори.
Вкупниот број овци во 2023 година бележи пад од 9.2 %, во истиот период бројот на козите бележи пораст за 6.7 %.
Бројот на живината во 2023 година, во споредба со претходната година, е зголемен за 11.8 %.
Главни поенти
Добиток во 2023 година
- Говеда: 148 693
- Свињи: 193 412
- Овци: 587 073
- Кози: 85 528
Табели

Контакт
Подготвено од: Катарина Ѓурѓулова АговскаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: katarina.agovska@stat.gov.mk