Број на добиток и живина, 2024 година
Во 2024 година во однос на 2023 година намален е бројот на говедата за 3.2 %, а за 14.5 % е зголемен бројот на козите
Во 2024 година, во споредба со 2023 година, вкупниот број говеда е намален за 3.2 %. Намалување на бројот на говедата е забележано кај индивидуалните земјоделски стопанства, како и кај деловните субјекти.
Бројот на свињите во 2024 година, во споредба со 2023 година, е намален за 7.1 %. Зголемување на бројната состојба за 27.1 % е забележано кај деловните субјекти.
Вкупниот број овци во 2024 година бележи пад од 11.9 %.
Во истиот период, бројот на козите бележи пораст за 14.5 %.
Бројот на живината во 2024 година, во споредба со претходната година, е намален за
9.9 %.
Главни поенти
Добиток во 2024 година
• Говеда: 143 953
• Свињи: 179 682
• Овци: 517 128
• Кози: 97 918
Табели

Контакт
Подготвено од: Катарина Ѓурѓулова АговскаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: katarina.agovska@stat.gov.mk