Органско производство, 2023 година
Најголемо учество во користената земјоделска површина со органско производство во 2023 година имаат житните култури со 51 %
Во 2023 година, со земјоделско органско производство се занимавале 888 производители.
Вкупната површина со растително органско производство изнесува 4 215 хектари, од кои 1 475 хектари се површини на органско производство во преод.
Со 51 %, односно 2 158 хектари во користената земјоделска површина со органско производство, најмногу учествуваат житните култури.
Во однос на 2022 година, органското производство на житните култури е намалено за
5.6 %, кај индустриските култури производството е намалено за 17.0 %, кај фуражните култури производството е намалено за 8.4 %, производството на зеленчук е намалено за 42.8 %, кај овошките производството е зголемено за 16.4 % и за 4.6 % е намалено производството на органски лозови насади.
Вкупниот број на органски говеда е 7 528 грла и во вкупниот број говеда учествува со 5.1 %.
Учеството на органски овци во вкупниот број овци изнесува 20.5 %, а органските кози учествуваат во вкупниот број кози со 5.8 %.
Производството на органски мед во 2023 година е зголемено за 53.9 % во однос на 2022 година, а бројот на пчелни семејства во истиот период е зголемен за 15.9 %.
Главни поенти
Во 2023 година во однос на 2022 година:
- Површина со растително органско производство -7.5 %
- Органски говеда -3.7 %
- Органски овци +15.9 %
- Органски кози -3.3 %
- Пчелни семејства +15.9 %
Табели

Графикон
Површини под органско производство по групи на култури и по години
во хектари
Контакт
Подготвено од: Урим АбазиТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: urim.abazi@stat.gov.mk