Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 10.2.2025.1

Органско производство, 2024 година

Во 2024 година, во однос на 2023 година, обработливата површина со органско земјоделско производство е намалена за 10.0 %

Во 2024 година, со земјоделско органско производство се занимавале 873 производители.

Во истиот период се регистрирани 4 130 хектари обработлива површина, од кои 1 477 хектари се површини на органско производство во преод.

Во 2024 година во однос на 2023 година обработливата површина со органско земјоделско производство е намалена за 10.0 %.

Со 1 862 хектари, најголемо учество во површините  со органско производство имаат житните култури.

Во однос на 2023 година, органското производство на житните култури е зголемено за 10.8 %, кај индустриските култури производството е намалено за 48.4 %, кај фуражните култури производството е зголемено  за 27.8 %, производството на зеленчук е намалено за 18.3 %, кај овошките производството е зголемено за 4.8 % и за 33.1 % е намалено производството на органски лозови насади.

Вкупниот број органски говеда е 9 444 грлa и во вкупниот број говеда учествува со 6.6 %.

Учеството на органски овци во вкупниот број овци изнесува 20.9 %, а органските кози учествуваат во вкупниот број кози со 5.2 %. 

Производството на органски мед во 2024 година е намалено за 9.3 % во однос на 
2023 година, а бројот на пчелни семејства во истиот период е зголемен за 1.9 %. 

Главни поенти

Во 2024 година

  • Површина со растително органско производство: 4 130 хектари
  • Органски говеда: 9 444
  • Органски овци: 108 012  
  • Органски кози: 5 065
  • Пчелни семејства: 11 153

Споредено со 2023 година

  • Површина со растително органско производство: -10.0 %
  • Органски говеда: +25.5 %
  • Органски овци: -10.4%
  • Органски кози: +2.0 %
  • Пчелни семејства: +1.9 %

Табели

1) Во 2024 година во вкупната бројка се вклучени и површините за угар, така што споредбата со претходната година е направена земајќи ги во предвид и површините за угар кои што не беа објавувани во 2023 година, (373 хектари)


Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

Површини под органско производство по групи на култури и по години

во хектари

Контакт

Урим Абази
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: urim.abazi@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Органско фармерство