СООПШТЕНИЕ

Земјоделски површини и растително производство, 2024 година

Производството на компир во 2024 година е зголемено за 9.0 % во однос на 2023 година

Во 2024 година се регистрирани 506 586 хектари обработлива површина. 

Кај обработливата површина намалување е забележано кај ораниците и бавчите за 2.0 % и кај лозјата за 1.7 %, а зголемување кај овоштарниците за 3.1 %.

Во истиот период, регистрирано е зголемување на производството кај компирот за 9.0 % и кај краставиците за 3.6 %. Кај останатите култури поголемо намалување е забележано кај оризот за 6.9 %, сончогледот за 10.2 % и луцерката за 6.7 %.

Во 2024 година во однос на 2023 година е забележано значително зголемување на производството кај сите овошја. Најголемо зголемување на производството е забележано кај јаболката за 59.1 % и кај црешите за 41.0 %.

Главни поенти

Во 2024 година во однос на 2023 година:

  • Намалени се површините на ораници и бавчи за 2.0 % и на лозја за 1.7 %
  • Зголемено е производството на компир за 9.0 % и на краставици за 3.6 %
  • Зголемено е производството кај јаболката за 59.1 % и  кај црешите за 41.0 %

Табели

1) Разликата од земјоделската површина и збирот на обработливата површина и пасиштата претставува површина под трски, бари и рибници


Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

Структура на обработливата површина, 2024 година

Контакт

Подготвено од: Слободан Прчковски
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: slobodan.prckovski@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постарите изданија на соопштенијата можете да ги најдете тука.