Риболов и аквакултура, 2023 година
Вкупниот улов на риба во 2023 година зголемен за 0.8 % во однос на 2022 година
Во 2023 година, вкупниот улов на риба изнесува 2 073 тони и во однос на 2022 година е поголем за 0.8 %.
Во вкупниот улов, ладноводната риба учествува со 77.0 %, a топловодната риба со 23.0 %. Во однос на 2022 година, уловот на ладноводна риба е намален за 6.0 %, а уловот на топловодна риба е поголем за 33.1 %.
Во 2023 година во однос на 2022 година, забележано е зголемување на аквакултурното производство за 3.3 %. Аквакултурното производство изнесува 1 874 тони и учествува со 90.4 % во вкупниот улов на риба.
Во 2023 година биле произведени 121 милион парчиња икра со вкупна тежина од 189 530 кг, што е намалување за 7.5 % во однос на 2022 година.
Од видовите риба, како подмладок најмногу се одгледува виножитната пастрмка.
За одгледување риба најмногу се користат рибници, базени, канали и кафези.
Бројот на вработените во производството на риба во 2023 година е 222 лица, од кои 201 се мажи.
Во 2023 година, со рекреативен риболов се занимавале 9 223 лица, од кои само 66 се жени.
Главни поенти
Во 2023 година во однос на 2022 година:
- Вкупен улов на риба: +0.8 %
- Аквакултурно производство: +3.3 %
Табели

Графикон
1. Вкупен улов на риба по години
во тони
Контакт
Подготвено од: Урим АбазиТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: urim.abazi@stat.gov.mk