Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 11.1.2025.1

Риболов и аквакултура, 2024 година

Вкупниот улов на риба во 2024 година e зголемен за 19.4 % во однос на 2023 година

Во 2024 година, вкупниот улов на риба изнесува 2 475 тони и во однос на 2023 година е поголем за 19.4 %.

Во  вкупниот улов, ладноводната риба учествува со 69.7 %, a топловодната риба со 30.3 %. Во однос на 2023 година, уловот на ладноводна риба е поголем за 8.1 %, додека уловот на топловодна риба е поголем за 57.1 %.

Во 2024 година во однос на 2023 година, забележано е зголемување на аквакултурното производство за 24.7 %. Аквакултурното производство изнесува 2 337 тони и учествува со 94.4 % во вкупниот улов на риба.

Рекреативниот улов во однос на 2023 година е поголем за 80.0 %, додека стопанскиот риболов е намален за 48.4 %.

Во 2023 година биле произведени 95.5 милион парчиња икра со вкупна тежина од 994 828 кг, што е намалување за 21.1 % во однос на 2023 година.

Од видовите риба, како подмладок најмногу се одгледува виножитната пастрмка.

За  одгледување риба најмногу се користат рибници, базени, канали и кафези.

Во производството на риба во 2024 година биле вработени 192 лица, од кои 163 мажи.

Во 2024 година, со рекреативен риболов се занимавале 9 538 лица, од кои само 62 биле жени.

Главни поенти

Во 2024 година во однос на 2023 година:

  • Вкупен улов на риба: +19.4 %  
  • Аквакултурно производство: +24.7 %

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

1. Вкупен улов на риба по години

во тони

Контакт

Урим Абази
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: urim.abazi@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Риболов и аквакултура