Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 12.1.2025.1/2

Производство и продажба на шумски сортименти, второ тримесечје 2025 година

Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во второто тримесечје од 2025 година е зголемено за 10.7 % во однос на второто тримесечје од 2024 година

Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во второто тримесечје од 2025 година изнесува 111 019 м3 и во однос на второто тримесечје од 2024 година е зголемено за 10.7 %.

Зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни видови, рудничкото дрво од иглолисни видови, другото обло дрво, кај просторното и огревното дрво.

Во истиот период продажбата на шумски сортименти изнесува 97 810 м3 и бележи зголемување од 18.5 %.

Главни поенти

Производство на шумски производи:

•    Огревно дрво    78 837 м3
•    Трупци                25 503 м3 

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Ленче Петрова
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: lence.petrova@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Производство и продажба на шумски сортименти во шумарството, сеча на дрва и услуги