Економски сметки во земјоделството по постојани цени, 2019 – 2024 година
Бруто-додадената вредност по цени од претходната година во 2024 година изнесува 49 923 милиони денари
Пресметките на економските сметки во земјоделството по постојани цени се направени врз база на препораките дадени во Прирачникот за економски сметки во земјоделството и шумарството, ревизија 1.1. и според Европската регулатива за економските сметки во земјоделството 138/2004.
Целта на овие пресметки е да може да се направат подобри економски анализи, а потребата е да се разграничат трендовите што се однесуваат на промената на волуменот и оние што се однесуваат на промената на цените.
Бруто-додадената вредност по цени од претходната година во 2024 година изнесува
49 923 милиони денари, а нето-додадената вредност изнесува 45 128 милиони денари.
Главни поенти
Нето-додадената вредност по цени од претходната година во 2024 година изнесува
45 128 милиони денари
Табели
Статистичка база МАКСТАТ
Контакт
Виолета МилановаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: violeta.deleva@stat.gov.mk