Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 13.2.2026.1/1

Вредност на договорените и извршените градежни работи во странство, јануари – март 2026 година

Во периодот јануари – март 2026 година, градежната оператива извршила градежни работи во странство во вкупна вредност од 4.5 милиони денари

Во периодот јануари – март 2026 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 4 459 илјади денари, што е за  91.4 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Во наведениот период, градежната оператива од Република Северна Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 4 457  илјади денари, што е за 78.5 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Вредносните податоци за периодот јануари – март 2026 во однос на истиот период од 2025 година се дадени врз база на паритетот 1 САД долар = 52.3050 денари.   

Главни поенти

Во периодот јануари – март 2026 година во однос на истиот период од претходната година:

  • За  91.4% е намалена вредноста на договорените градежни работи во странство
  • За  78.5% е намалена вредноста на извршените градежни работи во странство 

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Симона Паризова-Маџароска
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: simona.parizova@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Вредност на договорени и извршени градежни работи во странство