Вредност на договорените и извршените градежни работи во странство, јануари – септември 2024 година
Во периодот јануари – септември 2024 година, градежната оператива извршила градежни работи во странство во вкупна вредност од 343.8 милиони денари
Во периодот јануари – септември 2024 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 343 806 илјади денари, што е за 54.3 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година, информира Државниот завод за статистика.
Во наведениот период, градежната оператива извршила градежни работи во странство во вкупна вредност од 141 833 илјади денари, што е за 1.2 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Вредносните податоци за периодот јануари – септември 2024 во однос на истиот период од 2023 година се дадени врз база на паритетот 1 САД долар = 55.6516 денари.
Главни поенти
Јануари – септември 2024 година во однос на истиот период од претходната година:
- За 54.3 % е зголемена вредноста на договорените градежни работи во странство
- За 1.2 % е намалена вредноста на извршените градежни работи во странство
Табели

Контакт
Подготвено од: Наташа ЦеноваТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: natasa@cenova@stat.gov.mk