СООПШТЕНИЕ

Вредност на договорените и извршените градежни работи во странство, јануари - јуни 2024 година

Во периодот јануари – јуни 2024 година, градежната оператива извршила градежни работи во странство во вкупна вредност од 199.7 милиони денари

Во периодот јануари – јуни 2024 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 199 737 илјади денари, што е за 4.4 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година, информира Државниот завод за статистика.

Во наведениот период, градежната оператива од Република Северна Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 100 192 илјади денари, што е за 16.2 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Вредносните податоци за периодот јануари – јуни 2024 во однос на истиот период од 2023 година година се дадени врз база на паритетот 1 САД долар = 55.6516 денари. 

 

Главни поенти

Јануари – јуни 2024 година во однос на истиот период од претходната година:

  • За 4.4 % е зголемена вредноста на договорените градежни работи во странство 
  • За 16.2 % е зголемена вредноста на извршените градежни работи во странство 

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Наташа Ценова
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: natasa@cenova@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Вредност на договорени и извршени градежни работи во странство