Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 13.2.2025.1/2

Вредност на договорените и извршените градежни работи во странство, јануари – јуни 2025 година

Во периодот јануари – јуни 2025 година, градежната оператива извршила градежни работи во странство во вкупна вредност од 33 милиони денари

Во периодот јануари – јуни 2025 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 61 785 илјади денари, што е за 70.7 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. 

Во наведениот период, градежната оператива од Република Северна Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 33 714 илјади денари, што е за 68.2 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. 

Вредносните податоци за периодот јануари – јуни 2025 во однос на истиот период од 2024 година се дадени врз база на паритетот 1 САД долар = 58.8807 денари.   

Главни поенти

Јануари – јуни 2025 година во однос на истиот период од претходната година:

  • За 70.7 % е намалена вредноста на договорените градежни работи во странство
  • За 68.2 % е намалена вредноста на извршените градежни работи во странство 

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Подготвено од: Симона Паризова Маџароска
Телефон: Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: E-пошта: simona.parizova@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Вредност на договорени и извршени градежни работи во странство