Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 13.2.2026.1/2

Вредност на договорените и извршените градежни работи во странство, јануари – јуни 2026 година

Во периодот јануари – јуни 2026 година, градежната оператива извршила градежни работи во странство во вкупна вредност од 12.9 милиони денари

Во периодот јануари – јуни 2026 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 12 875 илјади денари, што е за 76.5 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. 

Во наведениот период, градежната оператива од Република Северна Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 12 873 илјади денари, што е за 57.0 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. 

Вредносните податоци за периодот јануари – јуни 2026, во однос на истиот период од 2025 година, се дадени врз база на паритетот 1 САД долар = 52.3050 денари.  

Главни поенти

Во периодот јануари – јуни 2026 година во однос на истиот период од претходната година:

  • вредноста на договорените градежни работи во странство е намалена за 76.5 %,
  • вредноста на извршените градежни работи во странство е намалена за 57.0 %

 

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Симона Паризова Маџароска
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: simona.parizova@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Вредност на договорени и извршени градежни работи во странство