СООПШТЕНИЕ

Бесправно изградени објекти, 2023 година

Регистрирани се 780 бесправно изградени објекти во 2023 година

Според видот на објектот, од вкупниот број бесправно изградени објекти, 172 објекти се за домување1) (22.1 %), 134 доградби, надградби и адаптации (17.2 %), 62 деловни објекти (7.9 %), 33 гаражи (4.2 %), 160 огради (20.5 %), 3 скалила (0.4 %), 12 тераси (1.5 %), 9 летни тераси (1.2 %), 63 настрешници (8.1 %), 54 времени објекти (6.9 %) и 78 помошни објекти (10.0 %).

1) Според намената, објектите за домување може да бидат станбени, станбено-деловни и куќи за одмор и рекреација.

Главни поенти

Во 2023 година:

  • Најголем број бесправно изградени објекти, 93.1 %, се во приватна сопственост
  • Најмногу бесправно изградени објекти, 22.1 %, се за домување 

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Подготвено од: Наташа Ценова
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: natasa@cenova@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постарите изданија на соопштенијата можете да ги најдете тука.