Бесправно изградени објекти, 2024 година
Во 2024 година се регистрирани 757 бесправно изградени објекти
Според видот на објектот, бесправно се изградени 151 објект за домување1) (19.9 %),
99 доградби, надградби и адаптации (13.1 %), 77 деловни објекти (10.2 %), 49 гаражи
(6.5 %), 147 огради (19.4 %), 8 скалила (1.1 %), 14 тераси (1.8 %), 20 летни тераси (2.6 %), 93 натстрешници (12.3 %), 26 времени објекти (3.4 %) и 73 помошни објекти (9.6 %).
1) Според намената, објектите за домување може да бидат станбени, станбено-деловни и куќи за одмор и рекреација.
Главни поенти
Во 2024 година:
- Најголем број бесправно изградени објекти, 93.8 %, се во приватна сопственост
- Најмногу бесправно изградени објекти, 19.9 %, се за домување
Табели

Контакт
Наташа ЦеноваТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: natasa@cenova@stat.gov.mk