Извршени градежни работи и завршени станови во објекти за домување градени во индивидуална режија, 2024 година
Во 2024 година, индивидуалните сопственици извршиле градежни работи во вредност од 14.4 милијарди денари и завршиле 2 512 станови
Во 2024 година, индивидуалните сопственици извршиле градежни работи во вредност од 14 372 406 илјади денари.
Во текот на 2024 година се градени вкупно 1 978 објекти и се завршени вкупно 2 512 станови со вкупна површина од 296 537 м2, од кои 152 се станови во викенд-куќи со вкупна површина од
12 879 м2.
Главни поенти
Во 2024 година:
- Завршени се 2 512 станови, а просечната корисна површина е 118.1 м2
- Најмногу се градело во Полошкиот Регион
Табели

Контакт
Наташа ЦеноваТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: natasa@cenova@stat.gov.mk