Издадени одобренија за градење, април 2025 година
Бројот на одобренијата за градење во април 2025 година е зголемен за 38.9 % во однос на истиот период од претходната година
Во април 2025 година се издадени 357 одобренија за градење, што е за 38.9 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6 316 119 илјади денари, што е за 10.7 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 177 (49.6 %) се наменети за објекти од високоградба, 61 (17.1 %) за објекти од нискоградба и 119 (33.3 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 357 објекти, на 154 (43.1 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 203 (56.9%) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 729 станови со вкупна корисна површина од 60 833 м2.
Главни поенти
Во април 2025 година:
- Најмногу одобренија за градење, 177, се издадени за високоградба
- Во Скопскиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење, 89
- За изградба се предвидени 729 станови
Табели

Графикон
Број на издадени одобренија за градење според видовите градба, во % април 2025 година
Контакт
Наташа ЦеноваТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: natasa@cenova@stat.gov.mk