СООПШТЕНИЕ

Издадени одобренија за градење, декември 2024 година

Бројот на одобренијата за градење во декември 2024 година е намален за 2.0 % во однос на истиот период од претходната година

Во декември 2024 година се издадени 287 одобренија за градење, што е за 2.0 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Предвидената вредност на објектите изнесува 4 954 058 илјади денари, што е за 22.6 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 175  (61.0 %) се наменети за објекти од високоградба, 48 (16.7. %) за објекти од нискоградба и 64 (22.3 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 287  објекти, на 157 (54.7. %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 130 (45.3 %) објекти инвеститори се деловни субјекти. 

Во извештајниот период е предвидена изградба на 705 станови, со вкупна корисна површина од 59 557  м2, информира Државниот завод за статистика.

Главни поенти

Во декември 2024 година:

  • Најмногу одобренија за градење, 175, се за високоградба
  • Во Полошкиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење, 70
  • 705 станови се предвидени за изградба

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

Број на издадени одобренија за градење според видовите градба, декември 2024 година

Контакт

Подготвено од: Наташа Ценова
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: natasa@cenova@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постарите изданија на соопштенијата можете да ги најдете тука.