СООПШТЕНИЕ

Издадени одобренија за градење, ноември 2024 година

Бројот на одобренијата за градење во ноември 2024 година е намален за 18.2 % во однос на истиот период од претходната година

Во ноември 2024 година се издадени 260 одобренија за градење, што е за 18.2 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Предвидената вредност на објектите изнесува 4 250 392 илјади денари, што е за 63.8 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Намалената предвидена вредност се должи на фактот дека во истиот месец од претходната година било издадено одобрение за градење на објект од нискоградбата со поголема вредност, односно за изградба на меѓусебно поврзан (интерконективен) гасовод Република Северна Македонија - Грција.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 155 (59.6 %) се наменети за објекти од високоградба, 59 (22.7 %) за објекти од нискоградба и 46 (17.7 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 260 објекти, на 146 (56.1 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 114 (43.9 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 542 станови, со вкупна корисна површина од 49 111 м2, информира Државниот завод за статистика.

Главни поенти

Во ноември 2024 година: 

  • Најмногу одобренија за градење се издадени за високоградба
  • Во Скопскиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење
  • За изградба се предвидени 542 станови

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

Број на издадени одобренија за градење според видовите градба, ноември 2024 година

Контакт

Подготвено од: Наташа Ценова
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: natasa@cenova@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постарите изданија на соопштенијата можете да ги најдете тука.