Издадени одобренија за градење, ноември 2025 година
Бројот на одобренијата за градење во ноември 2025 година е зголемен за 16.9 % во однос на истиот период од претходната година
Во ноември 2025 година се издадени 304 одобренија за градење, што е за 16.9 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5 400 888 илјади денари, што е за 27.1 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 208 ( 68.4%) се наменети за објекти од високоградба, 34 (11.2 %) за објекти од нискоградба и 62 ( 20.4 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 304 објекти, на 162 (53.3 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 142 (46.7 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 761 стан со вкупна корисна површина од 67 767 м2.
Главни поенти
Во ноември 2025 година:
- Најмногу одобренија за градење, 208 , се издадени за високоградба
- Во Скопскиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење, 110
- За изградба се предвидени 761 стан
Табели
Статистичка база МАКСТАТ
Графикон
Број на издадени одобренија за градење според видовите градба, во % ноември 2025 година
Контакт
Наташа ЦеноваТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: natasa@cenova@stat.gov.mk