Издадени одобренија за градење, октомври 2025 година
Бројот на одобренијата за градење во октомври 2025 година е зголемен за 22,9 % во однос на истиот период од претходната година
Во октомври 2025 година се издадени 446 одобренија за градење, што е за 22,9 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 10 596 843 илјади денари, што е за 25,1 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Зголемената вредност се должи на фактот дека во референтниот период е издадено одобрение за градба на Државен пат А2, делница Букојчани Кичево прва фаза, подделница Црвивци-Кичево со должина 6,527 км, кој е со вредност од 44 милиони евра.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 289 (64,8 %) се наменети за објекти од високоградба, 68 (15,2 %) за објекти од нискоградба и 89 ( 20,0 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 446 објекти, на 247 (55,4 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 199 (44,6 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 1 177 станови со вкупна корисна површина од 101 286 м2.
Главни поенти
Во октомври 2025 година:
- Најмногу одобренија за градење, 289, се издадени за високоградба
- Во Југоисточниот Регион се издадени најмногу одобренија за градење, 139
- За изградба се предвидени 1 177 станови
Табели
Статистичка база МАКСТАТ
Графикон
Број на издадени одобренија за градење според видовите градба, во % октомври 2025 година
Контакт
Наташа ЦеноваТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: natasa@cenova@stat.gov.mk