Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 13.5.2025.1/9

Издадени одобренија за градење, септември 2025 година

Бројот на одобренијата за градење во септември 2025 година е зголемен за 6.1 % во однос на истиот период од претходната година

Во септември 2025 година се издадени 314 одобренија за градење, што е за 6.1 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува             7 124 419 илјади денари, што е за 5.2 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 220 (70.1 %) се наменети за објекти од високоградба, 38 (12.1 %) за објекти од нискоградба и 56 (17.8 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 314 објекти, на 229 (72.9 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 85 (27.1 %) објекти инвеститори се деловни субјекти. 

Во извештајниот период е предвидена изградба на 727 станови со вкупна корисна површина од  69 411 м2.

Главни поенти

Во септември 2025 година:

  • Најмногу одобренија за градење, 220, се издадени за високоградба
  • Во Полошкиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење, 98
  • За изградба се предвидени 727 станови

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

Број на издадени одобренија за градење според видовите градба, во % септември 2025 година

Контакт

Наташа Ценова
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: natasa@cenova@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Издадени одобренија за градење