Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 13.5.2026.1/9

Издадени одобренија за градење, септември 2026 година

Бројот на одобренијата за градење во септември 2026 година е намален за 19.4 % во однос на истиот период од претходната година

Во септември 2026 година се издадени 253 одобренија за градење, што е за 19.4 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува             4 527 792 илјади денари, што е за 36.4 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 166 (65.6 %) се наменети за објекти од високоградба, 26 (10.3 %) за објекти од нискоградба и 61  (24.1 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 253 објекти, на 163 (64.4 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 90 (35.6 %) објекти инвеститори се деловни субјекти. 

Во извештајниот период е предвидена изградба на 919 станови со вкупна корисна површина од   67 878 м2.

Главни поенти

Во септември 2026 година:

  • Најмногу одобренија за градење, 166, се издадени за високоградба 
  • Во Скопскиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење, 73
  • За изградба се предвидени 919 станови

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МАКСТАТ базата на податоци

Графикон

Број на издадени одобренија за градење според видовите на градба, септември 2026

Контакт

Наташа Ценова
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: natasa.cenova@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Издадени одобренија за градење