СООПШТЕНИЕ : 13.5.2025.1/2

Издадени одобренија за градење, февруари 2025 година

Бројот на одобренијата за градење во февруари 2025 година е намален за 29.7 % во однос на истиот период од претходната година

Во февруари 2025 година се издадени 272 одобренија за градење, што е за 29.7 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува             4 901 041 илјада денари, што е за 44.4% помалку во однос на истиот месец од претходната година.


Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 137 (50.4%) се наменети за објекти од високоградба, 73 (26.8%) за објекти од нискоградба и 62 (22.8%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 272 објекти, на 122 (44.9%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 150 (55.1%) објекти инвеститори се деловни субјекти. 

Во извештајниот период е предвидена изградба на 635 станови, со вкупна корисна површина од  51 075 м2.

Главни поенти

Во февруари 2025 година:

  • Најмногу одобренија за градење, 137, се издадени за високоградба
  • Во Скопскиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење, 64 
  • За изградба се предвидени 635 станови

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

Број на издадени одобренија за градење според видовите градба во %, февруари 2025 година

Контакт

Подготвено од: Наташа Ценова
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: natasa@cenova@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постарите изданија на соопштенијата можете да ги најдете тука.