Издадени одобренија за градење, јануари 2025 година
Бројот на одобренијата за градење во јануари 2025 година е зголемен за 23.8 % во однос на истиот период од претходната година
Во јануари 2025 година се издадени 317 одобренија за градење, што е за 23.8 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5 772 690 илјади денари, што е за 28.2 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 174 (54.9 %) се наменети за објекти од високоградба, 50 (15.8 %) за објекти од нискоградба и 93 (29.3 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 317 објекти, на 178 (56.2. %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 139 (43.8 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 759 станови, со вкупна корисна површина од 60 471 м2.
Главни поенти
Во јануари 2025 година:
- Најмногу одобренија за градење, 177, се издадени за високоградба
- Во Полошкиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење, 77
- За изградба се предвидени 759 станови
Табели

Графикон
Број на издадени одобренија за градење според видовите градба, јануари 2025 година
Контакт
Подготвено од: Наташа ЦеноваТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: natasa@cenova@stat.gov.mk