Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 13.5.2026.1/1

Издадени одобренија за градење, јануари 2026 година

Бројот на одобренијата за градење во јануари 2026 година е намален за 19.2 % во однос на истиот период од претходната година

Во јануари 2026 година се издадени 256 одобренија за градење, што е за 19.2 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува             4 325 219 илјади денари, што е за 25.1 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 160 (62.5 %) се наменети за објекти од високоградба, 31 (12.1 %) за објекти од нискоградба и 65 (25.4 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 256 објекти, на 155 (60.5 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 101 (39.5 %) објекти инвеститори се деловни субјекти. 

Во извештајниот период е предвидена изградба на 618 станови со вкупна корисна површина од   54 359 м2.

Главни поенти

Во  јануари 2026 година:

  • Најмногу одобренија за градење, 160, се издадени за високоградба 
  • Во Полошкиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење, 64
  • За изградба се предвидени 618 станови

     

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

Број на издадени одобренија за градење според видовите градба, во % јануари 2026 година

Контакт

Наташа Ценова
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: natasa@cenova@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Издадени одобренија за градење