Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 13.5.2025.1/7

Издадени одобренија за градење, јули 2025 година

Бројот на одобренијата за градење во јули 2025 година е зголемен за 7.2 % во однос на истиот период од претходната година

Во  јули 2025 година се издадени 401 одобрение за градење, што е за 7.2 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува            31 699 433 илјади денари, што е за  345.3 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Зголемената вредност се должи на фактот дека во референтниот период е издадено одобрение за градба за ветерен парк (за производство на електрична енергија од обновливи извори) во општините Штип, Радовиш и Карбинци, кој е со вредност од 500 милиони евра. 

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 228 (56.9 %) се наменети за објекти од високоградба,  46 ( 11.5 %) за објекти од нискоградба и 127 (31.7 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 401 објект, на 232 (57.9 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 169 (42.1 %) објекти инвеститори се деловни субјекти. 

Во извештајниот период е предвидена изградба на 667  станови со вкупна корисна површина од 60 676 м2.

Главни поенти

Во  јули 2025 година:

  • Најмногу одобренија за градење, 228, се издадени за високоградба
  • Во Полошкиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење, 134
  • За изградба се предвидени 667 станови

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

Број на издадени одобренија за градење според видовите градба, во % јули 2025 година

Контакт

Наташа Ценова
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: natasa@cenova@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Издадени одобренија за градење