Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 13.5.2025.1/6

Издадени одобренија за градење, јуни 2025 година

Бројот на одобренијата за градење во јуни 2025 година е зголемен за 15.1 % во однос на истиот период од претходната година

Во јуни 2025 година се издадени 213 одобренија за градење, што е за 15.1 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува             4 857 279 илјади денари, што е за 47.1 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 120 (56.3 %) се наменети за објекти од високоградба, 37 (17.4 %) за објекти од нискоградба и 56 (26.3 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 213 објекти, на 110 (51.6 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 103 (48.4 %) објекти инвеститори се деловни субјекти. 

Во извештајниот период е предвидена изградба на 260 станови со вкупна корисна површина од  25 680 м2.

Главни поенти

Во јуни 2025 година:

  • Најмногу одобренија за градење, 120, се издадени за високоградба
  • Во Скопскиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење, 57
  • За изградба се предвидени 260 станови

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

Број на издадени одобренија за градење според видовите градба, во % јуни 2025 година

Контакт

Наташа Ценова
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: natasa@cenova@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Издадени одобренија за градење